СДСМ најави целосна ревизија на акцијата Ден на дрвото
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2016 16:40
СДСМ во својот „План за живот во Македонија“, предвидува да направи комплетна ревизија на спроведување на акцијата „Ден на дрвото” од стручен и финансиски аспект.
Со ревизијата ќе се утврдува на кои површини се спроведуваше акцијата, колку средства се потрошени и колкав е ефектот од пошумувањето.
„Тука, на местото позади мене имаше парк којшто беше целосно уништен за да се изгради уште една нова барокна зграда. Како што слушнавме од „бомбите“, на Груевски постоечките згради му биле грди, па сакал да го разубави просторот. Не му било важно што ќе уништи уште едно парче од зеленилото на загаденото Скопје, не му било важно ниту дали ќе изгуби гласачи, бидејќи, како што слушнавме, сметал дека повеќето секако немало да гласаат за него, па не му биле важни. Така се однесуваат и Никола Груевски и Коце Трајановски, кон зеленилото и кон дрвјата во Скопје. Долга е листата на уништени паркови, исечени дрвореди низ Скопје“, рече Пеце Мирчевски, претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање на СДСМ.
Тој истовремено, потенцираше дека се трошат милионски суми за проектот „Ден на дрвото“ а тој не дава резултати.
Појасни дека според „Македонски шуми“, досега биле платени повеќе од 64 милиони садници кои чинеле над 10 милиони евра, а на терен нема никакви резултати.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




