18 Декември, 2025
0.0648

СДСМ најзагрозените граѓани ќе ги спасува со енергетски ваучери

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2017 10:41

Добивај вести на Viber

СДСМ соопшти дека на граѓаните кои имаат проблеми да обезбедат соодветен енергенс во текот на зимата треба да им се помогне.

„Уште во првите шест месеци од формирањето на новата Влада ќе се посветиме на борбата против огромната сиромаштија. За никогаш повеќе да нe се повторат сликите на премрзнати граѓани во студени домови, најзагрозените семејства ќе добиваат енергетски вауери.

Со енергетските ваучери, овие семејства ќе можат да ги плаќаат сметките за електрична и топлнинска енергија. Енергетскиот ваучер значи дека државата покрива дел од трошоците за струја и затоплнување, за природен гас или за огревни дрва. Ваучерите ќе бидат достапни за граѓаните кои ќе бидат опфатени со новиот Закон за енергетска сиромаштија.

Она што е исто така новина е дека ќе бидат едноставни и достапни за сите процедурите и постапките за стекнување право за користење на оваа поддршка од државата. Енергетските ваучери се меѓу приоритетните мерки во Планот за живот за првите шест месеци од мандатот, со коишто обезбедуваме достоинствен и квалитетен живот за сите.

Поради нискиот животен стандард и високите цени на огревното дрго и електричната енергија, илјадници граѓани оваа зима едвај ги преживуваат зимските денови. Недозволиво е во 21-иот век да умираат луѓе поради студ, или бебиња да се раѓаат и да живеат во темни домови. Македонија е социјална држава според Уставот и државата е должна да се грижи за сите граѓани. Затоа, итно е потребна нова Влада на граѓаните на Македонија којашто ќе води реални политики и ќе работи во интерес на граѓаните. Од оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме“, се вели во соопштението на СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје