18 Декември, 2025
0.0488

СДСМ не прифаќа предвремени избори заедно со претседателските

Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2018 07:46

Добивај вести на Viber

„Вечерва, како и на секој митинг на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 12 години, повторно се слушнаа истите пораки за поделби на ваши и наши, за враќање назад. Граѓаните не видоа никаква разлика. Нема никаква разлика - Мицкоски продолжува прецизно по патот на Груевски и за жал повторно одбива да им се извини на граѓаните за пустошeњето што ВМРО-ДПМНЕ го вршеше врз Македонија цели 11 години", реагираше доцна вечерва Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со свое соопштение, по одржаниот антивладин митинг на ВМРО-ДПМНЕ, на кој лидерот на водечката опозициска партија Христијан Мицкоски порача дека неговата партија нема да подржи промена на Уставот на Република Македонија, заради промена и на уставното име на државата, едновремено изнесувајќи и барање за одржување предвремени парламентарни избори заедно со претседателски избори.

СДСМ во своето соопштение вечерва наведува: „Наместо да се извини, Мицкоски повика Македонија да запре. Но, тоа нема да се случи. Граѓаните избраа напредок. Мицкоски вечерва повика Македонија да се врати назад, во темното минато на криминалот, во корупцијата, осиромашувањто на граѓаните, на газењето на човековото достоинство, на оддалечувањето на земјата од европските вредности. И тоа нема да се случи."

Натаму во ова соопштение на владејачката партија се нагласува: „Граѓаните избраа просперитет, повеќе инвестивии, повисоки плати, еднаквост, слобода, демократија, правда, избраа едно општество, едно семејство за сите. Од јавна говорница денеска Христијан Мицкоски бранеше насилници под превезот на патриотизмот. Мицкоски треба да знае дека неговата партија треба да се качи на терезијата на правдата. Криминалот не може да биде патриотизам колку и да викаш гласно."

СДСМ порачува дека „Христијан Мицкоски излажал дека 'во Македонија има нула инвестиции". Притоа, СДСМ дополнува: „Може да вика колку сака, но не може да биде погласен од фактот дека во првите три месеци во Македонија влезе рекорден износ на странски инвестиции."

[img class="image-statija" src="https://www.mkd.mk/files/styles/statija/public/article/2017/11/01/mkd-347369.jpg?itok=0CPDdIIT" border="0" alt="" width="530" height="294" >

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во својата реакција на вечерашниот антивладин митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски во врска со барањето нови избори посочува: „Барањето за предвремени избори заедно со претседателските е класичен партиски блеф на Мицкоски, кој е соочен со слабиот рејтинг и немањето поддршка од граѓаните. Не е лесно да го следиш Груевски во време кога СДСМ добива огромна поддршка на локални избори со освоени 57 градоначалници. Денес СДСМ е фаворит на какви било избори, а тоа го покажуваат и сите релевантни истражувања на јавното мислење. Поддршката на граѓаните е силно изразена за владејачкото мнозинство, за СДСМ и за претседателот Зоран Заев."

„СДСМ ја доби довербата од граѓаните и се фати за работа. Владата што ја предводи СДСМ се определи за реформи, кои Македонија ја движат напред. По изгубени 11 години Македонија нема време за губење. Граѓаните немаат уште еден живот да му го доверат на некој нов Никола Груевски, со кого еднаш веќе расчистија. Заветот на Мицкоски се поделбите и минатото. Мицкоски треба да разбере дека Македонија има само еден завет, а тоа е просперитетна иднина, економски раст и членство во ЕУ и НАТО.", се наведува во вечерашното соопштение на СДСМ, лиферувано преку неговиот Центар за комуникации со јавноста.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми