05 Мај, 2024
0.0257

СДСМ: Новата влада ќе се грижи за најзагрозените граѓани

Објавено во: Македонија 26 Март, 2017

Добивај вести на Viber

СДСМ повторно потсети на едно од своите ветувања дадено во предизборната кампања кое ќе добие приоритет откако ќе се формира новата влада.

„Да не беа блокирани демократските процеси за формирање нова реформска Влада од Ѓорге Иванов и Никола Груевски, овој викенд граѓаните ќе имаа цел ден евтина викенд тарифа на струјата, и во сабота, и денеска, во недела. Дневна евтина тарифа на струјата ќе имаше и секој работен ден, по два часа. Граѓаните ќе можеа да ја контролираат потрошувачката на струја во рамки на евтината тарифа и на тој начин ќе заштедеа на сметките што ги плаќаат за струја. 

Интерес на граѓаните е да имаат намалени трошоци за живот и од тие причини неопходно е итно и брзо да се овозможи формирање и работа на новата реформска Влада. Новата Влада ќе ги насочи парите од Буџетот на Р.Македонија кон граѓаните и кон фирмите со цел да се раздвижи економијата, да се зголемат платите и бројот на новите работни места и тоа ќе значи зголемување и на квалитетот на живот на граѓаните. 

Уште една од мерките за повеќе пари во семејствата е враќање на 15% од данокот на додадена вредност што граѓаните го плаќаат во потрошувачките сметки. Секој граѓанин ќе добие своја картичка на којашто ќе може да го евидентира повратот на 15% од ДДВ при секое ново пазарење во продавница. 

Државата ќе им помогне прво на најзагрозените. Семејствата со најнизок доход ќе бидат ослободени од плаќање на јавните услуги, а еднородителските семејства со пониска плата од просечната нема да плаќаат такса, јавен превоз, општински комунални давачки, надомест во градинка и основно училиште. 

Ова се само дел од мерките коишто ќе придонесат кон достоинствен начин на живот на сите граѓани во Македонија. На граѓаните им е итно потребна нова реформска Влада којашто ќе ги им го олесни животот. Очекуваме во најбрзо време претседателот Заев да го добие мандатот и новата реформска Влада да почне со работа во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава