СДСМ обвинува за ниска цена на пченицата-и земјоделците незадоволни
Објавено во: Агробизнис 20 Јули, 2016 12:52
Опозицијата денеска обвини за тешкотиите со кои се соочуваат земјоделците поради неможноста со договорените 8 денари по килограм да ги покријат производните трошоци а камоли пак да заработат.
„Земјоделците се соочуваат со ниската откупна цена на пченицата и млекото, а дополнително во изминатиот период им се случија и големи штети предизвикани од град и од поплава во овој регион. Дополнително во исто време се јавуваат и лиценцирани и диви откупувачи коишто им ја откупуваат пченицата за 6 до 7 денари, а на терен слушаме дека во најава или во претпоставка дека и следните денови откупната цена на пченицата ќе биде и 5 денари!“, велат од СДСМ.
Од партијата на Заев ја прашаа Владата дали ќе се погрижи да го сочува лебното жито во Македонија и дали воопшто за лебот во Македонија ќе се загрижи?
„Во вакви едни услови ја повикуваме државата односно ресорното Министерство за земјоделство да им излезе во пресрет на земјоделците и да најде начин да помогне во откупот на пченицата, на млекото па и на другите земјоделски производи, а што побрзо да излезе и да го заврши процесот на проценка на оштетувањата од град и од поплави што го зафатија овој регион и да ги обесштети земјоделците од овогодинешната реколта иако знаеме дека дури и во минатите години оштетувањата од град и од поплави не се исплатени“, посочија од СДСМ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





