СДСМ: Очекуваме државничко однесување од Груевски и Иванов
Објавено во: Македонија 26 Март, 2017 10:20
Претставиците на граѓаните, избрани на единствената демократска форма во парламентарната демократија, изборите, имаат уставно право да го формираат парламентарното мнозинство. Институциите на системот не смеат да ги попречуваат народните избраници да го побараат мандатот за формирање Влада, велат од СДСМ..
67 пратеници, кои претставуваат околу 700.000 граѓани, очекуваат Парламентот и Ѓорге Иванов да одговорат на своите уставни должности и да го овозможат доделувањето на мандатот.
Граѓаните во Македонија очекуваат стабилизација и напредок.
И меѓународната заедница испрати јасна порака дека во демократијата секој треба да го признае парламентарното мнозинство. Блокадата на демократските процеси и наштети на економијата, посебно во последните неколку месеци и ги кочи неопходните реформски процеси.
Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да се воздржат од активности што поттикнуваат меѓуетнички тензии, говор на омраза и ги вознемируваат граѓаните со лажни вести.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, јавно ја објави Програмата на новата реформска Влада, којашто ги гарантира унитарноста на државата, перспективите во ЕУ и НАТО, владееењето на правото, економскиот развој во земјата и социјалната кохезија, и тоа е патот на Македонија.
Очекуваме утре и во деновите што престојат сериозно и одговорно државничко однесување од страна на институциите, коишто мора да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани и да овозможат избор на нов претседател и составување на новата Влада!
Ова е единствениот начин земјата да се врати на патот на евроинтеграциите.
Нема да дозволиме поради стравот на Никола Груевски и соработниците од промените и соочување со правдата,
Македонија да биде заглавена во понатамошна политичка криза.
Брзо ќе се формира новата реформска Влада на граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




