СДСМ од Водно претстави план за чист воздух
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2016 13:27
Опозицијата од Водно денска го претстави нивниот план за решавање на сериозен проблем кој директно влијае здравјето на граѓаните.
Наместо краткрочни и ненавремени мерки за квалитетен воздух, потребен е
сериозен пристап во решавање на овој проблем, сметаат од партијата на Заев.
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ , пред медиумите истакна дека во Планот за Македонија СДСМ имала предвидено на мерки за намалување на загадувањето на воздухот.
„По промените на 11 декември, ќе го вратиме зеленилото во градските средини преку зголемување на задолжителниот процент на зеленило во Законот за просторното и урбанистичкото планирање.
Гасификацијата на Скопје е наш стратешки проект, со тоа ќе се намали и загадувањето на воздухот, затоа што голем дел од домаќинствата ќе се префрлат да се грејат на гас.
Во сообраќајот ќе промовираме употреба на гасни горива од типот природен гас и пропан-бутан. Ќе го стимулираме јавниот и организираниот превоз во градските средини и во поголемите компании. Во индустријата, ќе обезбедиме нови поволни кредити за замена на еколошки застарени технолошки линии за производство и инсталација со ефикасни системи за намалување на загадувањето на воздухот“, изјави Манчевски.
Но, прв и најважен чекор за намалување на загадувањето, вели тој е смената на власта.
„Само нова и одговорна власт може да го намали загадувањето на воздухот. Само нова и одговорна власт може да го подобри квалитетот на животот на граѓаните“, тврди потпретседателот на СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




