18 Декември, 2025
0.0449

СДСМ планира интервентен фонд за земјоделци ако формира влада

Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2017 12:00

Добивај вести на Viber

СДСМ претстави нова идеја која ќе ја реализира доколку ја формира новата влада, а со неа ќе им се помогне на земјоделците во случај на неповолни состојби. 

- Ќе формираме интервентен фонд од 6 милиони евра во првите 6 месеци од мандатот на новата Влада. Овие средства ќе се користат кога пазарната цена на земјоделските производи ќе биде пониска од нивната производствена цена.

Во овој фонд се планирани средства и за обештетување на земјоделците од временски непогоди. Никој, никогаш повеќе нема да ги потценува земјоделците и да се пазари со нивната мака. Земјоделците кои имаат финансиски загуби, нема да бидат оставени да се справуваат сами со промлемите.

Оваа зима, екстремно ниските минусни температури целосно уништија раноградинарски посеви на повеќе земјоделски површини. Очајните земјоделци повеќе пати досега алармираа и бараа помош. Доколку денес постоеше ваков фонд тие немаше да стравуваат за тоа како ќе ги прехранат своите деца или како ќе ги школуваат, затоа што преку овој фонд ќе се обесштетеа сите земјоделци подеднакво и тие мирно ќе го планираа идното производство. А не како сега, земјоделци сеуште да се мачат и со штетите од поплавите во летниот период.

Исто така овој интервентен фонд ќе се користи и во кризни состојби, при пласман на земјоделските производи, кога откупната цена е пониска од производствената.

Во тој случај финансиските средства ќе се доделуваат во вид на дополнителна поддршка на основните плаќања во висина до производствената цена на производот. За да нема повеќе род што скапува по нивите и амбарите, како што се случи изминатата година со повеќе земјоделски производи, велат од СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје