07 Октомври, 2024
0.0270

СДСМ: Подостапна здравствена заштита и намалување на трошоците за граѓаните

Објавено во: Македонија 30 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Владеачката партија продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат подостапна здравствена заштита и намалување на трошоците за граѓаните, велат во соопштение од СДСМ.

Истакнуваат дека со спроведувањето на годишната ревизија на цените на лековите од страна на Министерството за здравство, од следниот месец лековите од позитивната листа ќе имаат значително намалени цени.

„Со ревизијата се намалуваат цените на 336 генерички лекови и на 226 оргинатори, односно иновативни лекови. Тоа значи дека веќе од следниот месец сите категории лекови кои се на позитивната листа ќе имаат значително пониска цена. На тој начин државата оваа година ќе заштеди над два милиони евра бидејќи заштедата кај генеричките лекови на годишно ниво изнесува 993 илјади евра, додека кај оригинаторите, односно иновативните лекови изнесува 1.388.600 евра или севкупно 2.381.600 евра“, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата додаваат дека со оваа заштеда граѓаните ќе добијат поевтини лекови и можност за лекување со нови терапии, а се отвораат и можности за проширување на позитивната листа на лекови.

„Ефикасниот здравствен систем, достапноста на здравствените услуги и лекови, како и намалување на трошоците на граѓаните, остануваат врвен приоритет на СДСМ. Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на Програмата што обезбедува квалитетни услуги, повисок животен стандард и ефикасна здравствена и социјална заштита за сите граѓани“, велат од СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил