20 Декември, 2025
0.0366

СДСМ: Постојано гинат работници, Скопје 2014 зеде жртви, мора да ги заштитиме

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2016 10:40

Добивај вести на Viber

СДСМ се осврна на делот на програмата наменет за работниците кои се една од најранливите категории во Македонија со нарушени права и сериозни опасности на работното место за што ја обвинија директно власта на Груевски, а ветија серија на мерки со кои ќе ја подобрат нивната состојба.

„Македонија со Никола Груевски стана земја со сериозно загрозени работнички права и опасна по нивниот живот. Негрижата за работниците и нивниот труд доведе до тоа Македонија да биде прва земја во Европа по смртност на работници, покажуваат податоците на Еуростат.

Нашите работници го губат свјојот живот на работното место за три пати повеќе од просекот во Европа. И барокот на Скопје 2014 зеде свои жртви. Неодамна загина работник по пад од лифт во катната гаража Солунски конгрес. Претходно, работник загина од пад од неисправно скеле при изградба на барокната зграда на Јавното обвинителство“ велат од опозициската партија.

СДСМ посочи и неколку итни и неопходни мерки кои ќе ја подобрат оваа состојба.

„Во нашиот План за живот се обврзуваме пред работниците дека тие ќе ја имаат потребната заштитина опрема и нормални услови за работа. Ќе биде платен секој час прекувремена работа на работниците. Активно ќе го следиме здравјето на вработените на ризични работни места. Ќе воведеме помало работно време за повозрасните работници, работничките од 60 години и работниците од 62 години старост да работат по 6 часа, до пензија, без да им се намали платата. Колективните договори ќе бидат задолжителни за сите правни субјекти со над 20 вработени“, ветуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки