СДСМ потрошил 16.000 евра за билборди против Мицкоски
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2022 12:26
СДСМ потрошил 16.000 евра за низ Скопје да бидат поставени билборди со ликот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на кои пишува:„Пари, тендери, кој е шпицен градоначалник?!“.
Билбордите во градот се поставени откако започнаа меѓусебните обвинувања помеѓу Мицкоски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Станува збор за закупени 25 рекламни паноа во екот на јавната војна што се водеше меѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, партија којашто ја поддржа нејзината кандидатура.
- За вистината којашто скопјани многу добро ја знаат, а СДСМ ја покажа на 25 билборди, партијата не користеше буџетски средства туку свои извори на финансирање, членарина и донации.
Согласно Законот, партиите се финансираат и од чланарина и од донации. Сумата за билбордите е во рамките на можностите на партијата, околу 16 илјади евра (помалку од 1.000.000 денари), велат од СДСМ за „Фокус“.
Билбордите се во сопственост на компанијата „Акцент медиа“ на Филип Спасовски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




