05 Декември, 2025
0.0418

СДСМ со нова Кривична пријава за злоупотребите во МЗШВ

Објавено во: Агробизнис 27 Мај, 2016 13:54

Добивај вести на Viber

Опозицијата денеска поднесува нова  Кривична пријава за злоупотребите во МЗШВ.

Пријавата се однесува на веќе објавениот скандал во МЗШВ со исплатите на фирмите во сопственост на семејството на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димитриев а е  против поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Димовски, против директорот на Платежна агенција, Тони Димовски и против Виолета Димитриева.

„Врз основа на доказите со коишто располагаме постои основано сомнение дека спротивно на законите и прописите во Република Македонија склучиле договори за цесија тешки стотици илјади евра за фирмата Корал од Демир Капија.

Сопругата на градоначалникот Виолета Димитриева, иако била избришана од Централен регистар и како управител и како сопственик на Корал, го склучува договори и потпишува во име на фирмата. Договорот е потпишан од министерот Димовски, само со потпис од сопругата Димитриева, без печат на фирмата. Тоа не било проблем ниту за директорот на платежната агенција експерно, во еден ден да ги исплати парите. На овој криминален начин, наместо кај вистинските земјоделци парите завршувале во фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ“, вака ја образложува кривичната пријава Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Од партијата на Заев порачуваат дека  секој што го прекршил законот мора да одговара и ќе одговара.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?