СДСМ со порака до Груевски и ДПМНЕ - Да се вразумат во интерес на граѓаните
Објавено во: Македонија 17 Март, 2017 13:17
СДСМ откако уште еднаш беше прозвана да се откаже од албанската платформа од ВМРО-ДПМНЕ и доби жестоки навреди кон нивниот лидер Зоран Заев возврати со порака до Груевски дека тој повеќе не одлучува ништо.
- Неопходно е Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во интерес на граѓаните и на државата да се вразумат, да ја прифатат реалноста дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта, смета СДСМ.
Вознемирувањата на деца, ученици, на граѓани со лаги за да излегуваат на протести, поттикнувањата поделби, насилства, омраза меѓу граѓаните, има за цел само заштита на криминално стекнатото богатство и обид за бегство од одговорност на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Целата домашна и меѓународна јавност знае и гледа дека постои само еден документ – Програма на новата реформска Влада, којашто гарантира унитарна и суверена Република Македонија и обезбедува конкретни мерки за сите клучни потреби на граѓаните. Институциите на системот мора веднаш да се формираат и државата да профункционира според мнозинска волја и потребите на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




