20 Декември, 2025
0.0400

СДСМ: Собранието и Иванов мора да овозможат мирен трансфер на власта

Објавено во: Македонија 24 Март, 2017 13:18

Добивај вести на Viber

СДСМ продолжува со апелите дека решение за политичката криза и закочените процеси ќе бара преку придвижување на работите во Собранието каде има јасно мнозинство, но тоа треба сите да го почитуваат, вклучително и претседателот на државата Ѓорге Иванов.

- Граѓаните избраа промени и избраа да ги водат сериозни политичари кои се грижат за интересите на луѓето и на државата, наспроти политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои се обидуваат да ја турнат земјата во длабока политичка криза и изолација, истакнуваат од партијата.

СДСМ, како што додаваат, внимателно како и досега ги води политичките процеси што водат кон реализација на мнозинската волја на граѓаните и даваат пример како се работи во интерес на граѓаните и на државата.

Од СДСМ порачуваат дека никој нема право да ја спречи демократски изразената волја на мнозинството на граѓаните на избори.

- Шеесет и седум пратеници застанаа зад Заев. Има демократски формирано парламентарно мнозинство. Има програма на новата влада што ја штити унитарноста на државата и ги обезбедува потребите на сите граѓани, истакнуваат од СДСМ.

Во партиското соопштение се нагласува дека нема време за губење и оти Парламентот и претседателот Ѓорге Иванов мора да овозможат мирен трансфер на власта.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки