СДСМ: Студентот ќе добие шанса да заработува додека е на студии!
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2016
Опозициската СДСМ денеска презентираше дел од својата изборна кампања а таа се однесува на студентите.
Имено, од партијата на Заев презентираа мерка за платена работа за студенти во студентските кампуси, според која студентите ќе добијат шанса за заработка преку работа со скратено работно време, таканаречена part-time job.
„Студентите
ќе можат да работат во студентските ресторани или кафетерии, ќе може да работат
на организација на културно-забавни настани, ќе може да работат како водичи на
нивните колеги студенти-бруцоши или како асистетни за административни обврски
во рамки на студентскиот кампус. Студентите исто така ќе може да работат и во
читалните и во библиотеките“, изјави претседател на СДММ Стефан Богоев.
Целта на оваа мерка, е студентите во текот на нивното студирање да може да заработат пари за да може да си ги намалат своите трошоци на студирање и на живеење, но исто така, целта е и студентите да бидат самостојни а не да зависат само од парите на нивните родители.
„Нашиот план е младите да живеат и да работат тука, во Република Македонија“, истакна Богоев.