СДСМ тврди дека се правеле злоупотреби со субвенциите во Демир Капија
Објавено во: Агробизнис 09 Март, 2016 14:00
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство, и водостопанство Љупчо Николовски денеска презентираше нови документи со кои тврди дека се злоупотребувало земјоделското земјиште во Демир Капија.
Николовски обелодени случај поврзан со семејството на градоначалникот на Општина Демир Капија.
Имено, техничкиот министер обвинува дека Фирмата „Корал“ застапувана од сопругата на градоначалникот на Демир Капија, Виолета Димитрова во 1998 година со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ склучила договор за долгорочен закуп на земјоделско земјиште во површина од 848 хектари на 30 години а во 2012 година го отстапила целосно својот удел од фирмата „Корал“ на АЛЕКСАНДРИЈА – КОРП ДОO, фирма основана од странски инвеститор.
„Според договорот, продавачот, сопругата на градоначалникот, се обврзува да ги прифати сите барања кон друштвото за неплатени даноци, придонеси и други обврски кои се настанати пред датумот на потпишувањето на договорот.
Но, кога странскиот инвеститор ја превзема „Корал“ во 2012 год., за во 2013 година да отпочне со работа, од банките добива информација дека сметката на фирмата е блокирана поради долгови направени пред превземање на фирмата. Фирмата должи околу 200 милиони денари и тоа кон државата, банки и други доверители“, изјави Николовски.
Тој вели исто така дека сопругата на Димитриев на 11.12.2012 година е избришана од ЦРМ и како сопственик и како управител на фирмата и повеќе таа не е управител ниту сопственик на „Корал“, а на ден 18.9.2013 година или десет месеци подоцна, склучува Договор за цесија со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Договорот тврди Николовски, е потпишан од министерот Љупчо Димовски а на договорот има само потпис на претходниот сопственик и управител но не и печат на фирмата Корал и, за само еден ден овој договор се спроведува и се добива решение за пребивање и исплата на средствата за субвенции во износ од околу сто илјади евра.
Николовски постави неколку парашања до власта:
Како може некој што не е ниту сопственик ниту управител на фирма да бара исплата на стотици илјади евра субвенции од државата?
Како може министерот Љупчо Димовски да потпише договор со лице што повеќе не е сопственик и управител, а директорот на Платежната да донесе и потпише решение за исплата на овие средства?
Како може вистинските земјоделци да ги чекаат субвенциите со години а кога станува збор за локални политички моќници од власта целата постапка да се одвива во еден ден?
Кои се институции, извршители и поединци се вмешани во овој случај?
Каде завршуваат овие пари исплатени за субвенции?
Спречување на злоупотребите на парите на граѓаните, вклучително и на парите за субвенции во земјоделството, се услов за да имаме фер, слободни и демократски избори потенцираше на крајот дополнителниот заменик министер.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





