СДСМ тврди дека со новиот Закон за персонален доход ќе има плус 7 милиони евра кај земјоделците
Објавено во: Агробизнис 23 Декември, 2017 10:28
Со усвојувањето на измените на Законот за
персонален доход, сите оние земјоделци на кои земјоделството им е основна
дејност и имаат приход до еден милион денари во тековната година, персоналниот
данок кој во текот на годината им се задржува, ќе им биде вратен во целост, соопштуваат од партијата на власт.
Од СДСМ посочуваат дека со новиот закон, 65.000 земјоделци на почетокот на секоја година на својата сметка ќе добијат износ еднаков на задржаниот данок и на овој начин велат кај земјоделците ќе остануваат околу седум милиони евра повеќе.
Дополнително, со измените на Законот земјоделците ќе бидат ослободени од административните трошоци, односно, земјоделците ќе бидат ослободени од обврската да поднесуваат даночни пријави, а тоа во нивно име ќе го прават откупувачите.
Од партијата на премиерот потенцираат дека ова е уште едно реализирано ветување кое се наоѓаше во програмата на СДСМ и кое предвидуваше земјоделците да бидат ослободени од паушално оданочување.
Ова е уште едно реализирано ветување кое се наоѓаше во програмата на СДСМ и кое предвидуваше земјоделците да бидат ослободени од паушално оданочување.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





