20 Декември, 2025
0.0476

СДСМ тврди дека во расипано возило на Итна помош се превезувало бебе

Објавено во: Македонија 19 Март, 2017 17:59

Добивај вести на Viber

Набавените 69 возила на Итната медицинска помош, до кои се сликаше Никола Тодоров, немаат приклучок за инкубатор за бебиња, и затоа бебињата за кои е потребна итна интервенција се превезуваат со стари возила кои често се расипуваат, обвинија денеска од СДСМ.

„Откако завршија два човечки животи во возило на Итната медицинска помош кое што се расипа на патот од Крива Паланка кон скопските клиники, деновиве во ризик е доведен и живот на бебе! Според информациите што ги име од Охрид кон Скопје било превезувано бебе во старо возило на Итната медицинска помош, кое што се расипало на Стража. Поради тоа бебето на Стража било префрлено во друго возило на Итната помош. Во старо возило на Итната помош и завчера било пренесувано друго бебе, исто така од Охрид кон Скопје“ – изјави денеска на прес-конференција пратеничката во Собранието и претседател на комисијата за здравство на СДСМ, Јагода Шахпаска.

Таа вели дека ова е уште еден доказ за несовесните политики во здравството, кои, како што рече, мора да бидат спречени.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во времето на СДСМ немало никакви инвестиции во здравството, а во врска со обвинувањата за неисправните возила на итната медицинска помош, од партијата истакнуваат дека секое возило е опремено со централен систем за кислород, како и со приклучок за напојување каде можат да се поврзат сите медицински апарати, а дека посебен приклучок за инкубатори не постои, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки