СДСМ убедени дека граѓаните ќе кажат ДА за референдумот
Објавено во: Македонија 13 Август, 2018
Со полноправно членство во НАТО и ЕУ Македонија ја обезбедува својата иднина, со зајакнат и признаен македонски идентитет. Членството во ЕУ и НАТО немаат алтернатива“, посочуваат утринава од владеачката партија.
Од СДСМ велат дека на 30 септември Македонија има вистинска, историска шанса за напредок, и оттука го повикаа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат по прашањето за референдумот.
„Мицкоски
и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да соопштат, дали се за иднина
или се враќање во црното минато на криминал, дали се интеграција или за
изолација.
На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат светла иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат идентитет“, соопштуваат од СДСМ.
Граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина-завршува реченицата во соопштението на партијата чиј лидер е премиерот Заев.