СДСМ упорни дека оваа власт е во заминување - Знае ли Заев нешто што ние не?
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2017 11:58
СДСМ практично и да не даде никаков коментар за доделувањето на мандатот за составување на нова влада кој очекува падна во рацете на предводникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во досегашните настапи откако се конституираше собранието ја користат само веќе препознатливата кованица „власта во заминување“.
Нема никакви официјални информации дали СДСМ знае нешто што ние останатите не го знаеме. Дали СДСМ има договорено коалиција со ДУИ и со уште некоја од албанските партии како БЕСА и Алијанса на Албанците. Ако се потрудиме да читаме меѓу редови веќе е јасно дека на ВМРО-ДПМНЕ ќе му биде многу тешко да формира коалиција.

Груевски прв ќе биде ставен на тест и ќе мора да се соочи со сеалбанската декларација која е донесена на заедничка платформа на ДУИ, Алијансата и БЕСА, а многу нивни претставници се изрично против коалицирање со „осомничениот“ од СЈО. Сепак, тоа не значи дека СДСМ последни ќе се смејат и тоа најслатко. Пропаѓањето на преговорите првенствено меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе значи кревање на тензиите.
Груевски веќе посочи дека нема да формира влада по секоја цена, дека барањата на Албанците се нелогични и непримерни, а тој и без премногу да се фали работел за сите граѓани без оглед на која националност припаѓаат.
СДСМ во изминатите денови не се истрчуваше премногу, имаа една чудна епизода кога ветија изградба на нов клинички центар во Скопје, дадоа неколку предлози за загадувањето и критикуваа за неспретноста на Македонија пат во расчистување на снежните наноси патиштата. Со овие настапи индиректно сакаа да се постават како партија која ќе формира влада но, без преголема самоувереност и конкретни чекори како ќе го реализираат тоа.

Од СДСМ молчат и за сеалбанската декларација, можеби кратки коментари пласираа преку нивни сурогати, но Заев сега засега сака да се изолира од оваа жешка тема и чека да пројде како и „поларниот“ бран во Македонија. За неколку дена да се заборави за потоа СДСМ да се соочи со последиците од изборниот процес. Тие наметнаа еуфорија кај граѓаните дека промени ќе има, уверуваа и дека имаат пратеник повеќе, за потоа драмите со ДИК, Управен суд и Теарце да ги амортизираат со флоскулата граѓаните гласаа за живот во Македонија.

Како што ќе се троши рокот за формирање на новата влада ќе се чека став и акција и од СДСМ, особено ако тие се најдат во позиција да ги „спасуваат“ преговорите и да изнајдат решение ако Груевски и Ахмети застанат во ќор сокак. Оваа власт секако е во заминување, но која ќе дојде сега е прашање за милион долари.
Автор: Христијан Станоевиќ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




