СДСМ вети модерни автопати кои нема да зависат од провизии за функционерите
Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2017 19:40
СДСМ продолжува со истакнување на мерките од својата програма која планира да ја спроведе доколку ја предводи новата влада, а овој пат потсети што ќе преземе за патната инфраструктура во Македонија.
- Граѓаните знаат дека во Планот за живот СДСМ се обврза на инвестиции од 600 милиони евра во првите две години за изградба на патишта и тоа е една од причините зошто големото мнозинство граѓани избра промени.
Слушнаа граѓаните од проектот Вистината за Македонија како лично Никола Груевски со Миле Јанакески договарал криминални провизии од 25 милиони евра за изградба на само еден автопат.
Граѓаните не сакаат повеќе нивните животи да бидат заложници на криминални власти за тендер интереси.
Тоа треба да е веќе јасно за кадрите на ВМРО-ДПМНЕ на кои лажните вести повеќе не им поминуваат.
Доаѓа ново време, на одговорни политичари и реални политики што ќе приднесат за квалитетен живот во Македонија, се вели во соопштението на СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




