СДСМ ветува зголемени субвенции за земјоделците
Објавено во: Агробизнис 06 Март, 2016 18:48
Пратеникот Горан Сугарески вчера беше во посета на Крушеани, општина Кривогаштани каде што се сретна со жителите на тоа место кои се жалат да тешкото секојдневие.
Крушеани е место во кое времето како да застанало. Земјоделците се соочуваат со многубројни проблеми а во 21 век се без вода, канализација, амбуланта, пат...
Жителите се пожалија на тешкото секојдневие, земјоделците на проблемите со коишто се соочуваат и тешката состојба во којашто се наоѓаат.
На Сугарески тие му се пожалиле дека за нив нема субвенции и дека сите пари завршуваат во џебовите на луѓе блиски до власта, а вистинските земјоделци мака мачеле.
Сугарески во име на опозицијата вети дека субвенциите за земјделците ќе бидат зголемени на 160 милиони евра и ќе им бидат доделувани на вистинските земјоделци.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





