06 Октомври, 2024
0.0382

СДСМ: Владата обезбеди 270 милиони евра за изградба на 800 км патни правци

Објавено во: Македонија 01 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Владејачката партија СДСМ реагира за состојбата на патната инфраструктура во Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да изгради модерна и квалитетна патна инфраструктура, но наместо тоа партијата реши криминално и расипнички да потроши стотици милиони евра на барок, луксуз, споменици, врби и тендери за сопствено богатење, реагираше СДСМ преку соопштение.

Тие додаваат дека неспособноста и криминалните тендери на ВМРО-ДПМНЕ ја оставија патната инфраструктура во катастрофална состојба, а штетите од пропустите на автопатите ги чинеа граѓаните и државата стотици милиони евра.

Поради таквиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ, секој нивен таканаречен инфраструктурен проект беше симбол на криминал, неспособност и корупција.

„Очигледна е разликата помеѓу расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ којашто започна сериозен инвестициски циклус за подобрување на целокупната патна инфраструктура. За таа цел се обезбедени 270 милиони евра за изградба и реконструкција на 60 патни правци со вкупна должина од околу 800 километри“, стои во реакцијата на СДСМ

Со тоа, започнуваат долгорочни инфраструктурни проекти низ целата држава коишто се од значаен интерес за економијата и за сите граѓани.

„Инфраструктурното поврзување меѓу населените места низ Македонија и модерното поврзување со земјите од регионот и Европа претставува стратешки приоритет за Владата предводена од СДСМ којашто продолжува посветено да работи на обезбедување услови за сигурен, безбеден и брз транспорт за сите граѓани“, реагираат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил