25 Ноември, 2024
0.0279

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА предизборно поделија милион евра државни пари

Објавено во: Економија 01 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за правда им ги исплати на политичките партии државните пари за престојните парламентарни избори кои се закажани на 15 јули. На нивните сметки легнаа милиони денари, а според пресметките најмногу пари и следува на актуелната владеачка партија. На 22 јуни СДСМ добил 18.096.898 денари, на сметката на ВМРО-ДПМНЕ се исплатени 15.714.865 денари, за ДУИ следувале 6.761.478 денари, додека БЕСА, за која во ДИК имаше дилеми дали треба да добие пари затоа што влегува во предизборна коалиција, има 3.900.853 денари.

Првите четири партии на 22 јуни на посебни сметки добиле и средства за партиско истражувачките-аналитички центри. СДСМ за Центарот за истражување и анализа добил 5.281.092, на центарот на ВМРО-ДПМНЕ му припаднале 5.626.584 денари, „Абдилаќим Адеми“ на ДУИ добил 4.590.108, а 4.244.616 денари отишле за БЕСА. Тоа значи дека од двете сметки СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА за еден ден поделиле нешто повеќе од еден милион евра.

Вкупно 56 партии делат 1,25 милиони евра, или поточно 75.788.000 денари на единствената сметка за предизборна кампања. За Алијанса за Албанците има 3.752.249 денари, а над два милиони денари на сметките добиле уште Демократска партија на Турците на Македонија, ГРОМ и ДПА.

Сепак ова се далеку помали средства во однос на претходните години, по донесената владина уредба со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, со што четири милиони евра предвидени за политичните парти остануваат во буџетот.

Наместо 0,15 проценти од буџетот, политичките партии добиваат само 0,04 проценти, или изразено во цифри, ако за финансирање на политичките партии годинава требаше да им бидат исплатени 320 милиони денари, со Уредбата со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, на партиите им се исплатени вкупно 71.480.556 денари.

Така, во 2019, според податоците од Министерството за правда, беа исплатени 304 милиони денари, од кои 72,6 за СДСМ, 63 за ВМРРО-ДПМНЕ, 27,1 за ДУИ, итн. Во 2018 вкупните средства биле 281 милион денари со слична распределба во структурата.

Постојниот модел за финансирање на политичките партии беше договорен во 2018 за финансирање на изборните кампањи, а дополнително од буџетот се издвојуваат и пари за годишно финансирање на партиско-истражувачки аналитички центри кои во моментов ги имаат СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА.

Законот за финансирање партии што во понеделникот беше договорен на лидерската средба меѓу партиските шефови Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети и Билал Касами како предуслов за успешен референдум за договорот околу името со Грција.

А.К.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување