19 Декември, 2025
0.0791

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ веднаш треба да ги тргне рацете од учениците

Објавено во: Македонија 17 Март, 2017 09:38

Добивај вести на Viber

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ веднаш треба да ги тргне рацете од учениците. 

Притисоците и злоупотребите на ученици за учество на протести со националистичка реторика на кои се шири етничка омраза, се кривично дело и за нив ќе има одговорност, додаваат од партијата. 

„ВМРО-ДПМНЕ да престане да прави притисоци врз наставниците и директорите. Наставниците и директорите на училишта да соберат храброст и да се спротивстават на нарачките од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кое единствено се грижи за сопствен спас од одговорност за сторените милионски криминали и злоупотреби. Доаѓа време на суштински промени во образованието во Република Македонија. Новата реформска Влада ќе го врати достоинството на образовните институции кои ќе бидат првото место каде што треба да се градат вредностите на едно заедничко општество. Ќе се развива интегриран систем на образование кој ќе влијае врз зголемување на економскиот раст и продуктивноста на трудот и ќе ги зголемува шансите на младите за квалитетни работни места“ - наведуваат од СДСМ. 

Затоа неопходно е Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, зад кого стои мнозинство од 700 илјади граѓани преточени преку 67 пратенички потписи, се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки