СДСМ во шок од „предавството“ на Ралев: Добро е што ја одбравме Шукова
Објавено во: Македонија 02 Август, 2025 10:11
По одлуката на професорот и архитект Мишко Ралев да му се приклучи на тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, со реакција на Фејсбук се огласи потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.
„Личниот и професионален интегритет и достоинство се бесценети, но, за жал, сѐ поретки во нашето опкружување“, напиша Костова, алудирајќи на потегот на Ралев, кој беше меѓу главните претенденти да биде кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ.
Костова нагласува дека „ќе нѐ биде кога себичноста и егото нема да ја совладаат колективната благосостојба и напредок“, алудирајќи на потребата за колективна одговорност и вредносна доследност.
Таа ги осуди, како што ги нарече, „каприциозните мегаломански очекувања“ на поединци, кои, според неа, ги прегазуваат човечките и професионалните принципи и додаде дека на крајот добро е што била донесена исправна партиска одлука на локални избори за Град Скопје да се оди со Каја Шукова.
„Добро е што однапред се потврдува исправноста на нашите одлуки. Ставовите и позициите се кристализирани“, додава Костова, алудирајќи дека преминот на Ралев само ја зацврстува одлуката на СДСМ да настапи со Каја Шукова како кандидатка за Скопје.
На крајот од својот коментар, таа упати јасен повик: „Редно е чесните, искрени и добри намери да се обединат во рационално дејствување против оние кои недвосмислено ни го разнебитуваат општеството.“
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




