СДСМ води кај Албанците, а вкупно е изедначена со ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2017 20:54
Според новата анкета која ја објави ТВ Телма нови избори нема ништо да променат на актуелната политичка сцена бидејќи нема речиси никаква разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ па така повторно би имале сличен распоред на сили во Собранието.
Интересно е што СДСМ во изминатиот период добила голем напредок кај албанските гласачи кои сега и изразуваат доверба од дури 20,4% што е повеќе од рејтингот на било која друга албанска партија. БЕСА исто така има раст со 15% доверба, ДУИ кај Албанците има 14% рејтинг, а следат ДПА со 10 и Алијанса на Албанците со 6%.
За разлика од Албанците, кај Македонците никој не би гласал за партија од албанскиот политички блок.
Вкупно СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат по 23,3 отсто доверба, со тоа што актуелната владејачка партија има поголем рејтинг кај етничките Македонци. Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 4 до 10 февруари на репрезентативен примерок од 1000 испитаници.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




