СДСМ ЗА ТЕПАЧКАТА ВО КОЧАНИ: Не станува збор за наш член туку коалициски партнер

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2025 19:59
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија(СДСМ) најостро го осудува насилството што се случи денеска на седницата на Советот на Општина Кочани.
„Ги осудуваме и провидните сценарија на ВМРО-ДПМНЕ, кои со провокации и намерно поттикнување тензии се обидуваат да создадат конфликти и нестабилност во Кочани. Учесници во инцидентот се советник на ВМРО-ДПМНЕ и советник од Ромската партија, а повредена е вработена во општинската администрација – што дополнително ја отсликува сериозноста на овој инцидент. СДСМ целосно се оградува од постапките на советникот што го предизвика денешиот инцидент, потенцираме дека не станува збор за наш член туку коалициски партнер. Факт е дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано провоцираат за време на седниците на Советот на општина Кочани. Сценариото на неколку седници наназад вклучуваше навреди на етничка, верска и лична основа, погрдни зборови упатени не само кон поединци, туку и кон целата ромска заедница. Советникот Васе Алексов од ВМРО-ДПМНЕ беше најгласен во навредите и погрдните зборови и тоа го знаат сите советници. Иако провокациите на советниците на ВМРО-ДПМНЕ беа очигледни, недозволиво е каков било чин на насилство. Насилството не смее да има и мора да биде санкционирано“, велат од СДСМ.
Настанот е пријавен во полиција. Една жена е повредена во тепачката.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Двојно убиство и самоубиство поради нерасчистени имотно - правни односи го потресе Прилеп

ИМА 15 ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО: Aнгелов кажа каде е најкритично

АВСТРИЈА ГО БАРАЛА СО ПОТЕРНИЦА: Уапсен е македонски државјанин во Тирана

УБИЕЦОТ ОД ПРИЛЕП ГО ПОКАНИЛ ВНУКОТ ДОМА: Инсистирал тој да го донесе и син му

(ВИДЕО) НИКОЛОСКИ: Голем ден, дел од автопатот Охрид – Кичево е пуштен во сообраќај

АРСОВСКА ДО ТОШКОВСКИ: Панче, да постапеше пред 2 месеци по заканите, ништо од ова немаше да се случи

НАПРАВЕНА Е КОНТРОЛА ВО СТРУМИЦА: Oсум лица се движеле во шума, а немале дозвола

ГО ФАТИЛЕ НА НАДЗОРНА КАМЕРА: Maж подметнал пожар во Делчево
