Се бара чаре да се амортизира ударот од намалениот откуп на тутунот
Објавено во: Агробизнис
19 Март, 2014 19:46
Добивај вести на Viber
Тутунарите во паника заради најавите за намален откуп во следната реколта. Бараат Министерството за земјоделство да најде начин да го амортизира ударот за земјоделците кои уште од сега знаат дека ќе останат без договори за откуп со тутунските претпријатија и ќе мора да садат друга култура.
Струмичките земјоделци бараат парите предвидени за субвенции на тутунарите да бидат искористени за да им се помогне на овие семејства да ја пребродат кризата и да се префрлат на одгледување друга култура. Во моментов, Владата секој килограм откупн тутун го субвенционира со 60 денари, но за следната реколта веќе е извесно дека намалениот откуп ќе ги намали и буџетските средства за оваа намена.
Засега нема информации дали Владата е подготвена да разгледа една ваква мерка.
Поради намалената побарувачка на тутун од тобако индустријата на глобално ниво на барање на Светската здравствена организација, тутунопроизводството во земјава оваа година ќе се препоплови.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?