30 Септември, 2024
0.0261

СЕ БАРА ДИРЕКТОР НА ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА - Владата распиша оглас, дали Сретен Стојковски ќе остне прв човек

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Откако преку огласи избра директори на два државни инспекторати, односно на трудовата и на пазарната инспекција, сега Владата преку оглас бара директор и на Државниот инспекторат за животна средина.

Огласот е распишан на веб страната на Владата, а во него е наведедно дека ќе трае до 19 јануари оваа година.

На јавниот оглас од Владата наведуваат дека планираат да именуваат директор на Државниот инспекторат за животна средина, со мандат од четири години. Потенцирани се поголем број услови кои треба да ги исполнат оние кои планираат да се пријават. Да биде државјанин на земјава, да нема казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, да има минимум пет години работно искуство и да поседува меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик, не постар од пет години.

Се појаснува и дека за директор не може да биде именувано лице кое е член во органи и тела кои ги избира или именува Собранието или Владата или соодветната единица на локалната самоуправа. 

Од Владата објавуваат и дополнителни критериуми кои треба да ги исполнува секој од кандидатите кој планира да се пријави на нивниот оглас за Директор на Државниот инспекторат за животна средина.

Коефициентот за пресметување на платата на новиот директор е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата.

Како што е познато, во август минатата година Владата именуваше в.д. директор на овој инспекторат, и на таа позиција го назначи Сретен Стојковски.

Стојковски дојде на местото на претходно разрешената директорка Ана Петровска, поради политички причини, односно поради недоразбирања во партијата ДОМ од каде што таа потекнуваше, со оглед што ДОМ е коалиционен партнер во Владата. Таа потоа се кандидираше за градоначалник на Град Скопје преку независна листа поддржана од Зелен хуман град, и освои значаен број гласови.

Инаку, како што тогаш информираа од Инспекторатот за животна средина, Стојковски е роден 1967 во Куманово и бил вработен во Министерството за животна средина, советник во Секторот за ЕУ, со овластување да работи во Секторот за локална самоуправа и управно надзорни работи. Тој е дипломиран инженер технолог, магистер по технички науки од областа Инженерство на животната средина, Технолошко-Металуршки Факултет при УКИМ, Скопје, информираа од Државен инспекторат за животна средина.

Откако ќе се заврши пријавувањето на кандидатите, и откако владината комисија ќе го направи изборот, ќе се знае дали Стојковски ќе ја задржи својата позиција и од вршител на должноста ќе стане редовен директор на инспекторатот, или пак, на таа позиција Владата ќе реши да избере некој друг од оние кандидати што ќе одлучат да се пријават.

Како што е познато, во декември лани Владата распиша огласи за избор на директори на Државниот инспекторат за труд и на Државниот пазарен инспекторат, со кои раководеа в.д. директорките Јована Тренчевска и Анета Симеска Димоска.

Начинот на избор беше сличен, односно можеа да се пријват сите заинтересирани кандидати кои исполнуваа одредени услови. Од сите кандидати изборот бил направен на двете тогаш в.д. директорки, по што тие се избрани за редовни директорки на двете институции. Одлуките за нивни избор биле објавени и во Службен весник, а двете директорки ги добиле и решенијата со кои тие се именувани да раководат со двта државни инспекторати. Во разговор за Фактор тие потврдија дека откако се пријавиле на огласите, на кои можеле да се пријават сите заинтересирани кандидати, после извесен период, односно на крајот на минатата година, ги добиле решенијата со кои се именуваат за редовни директорки.

А, директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчовска, само што именувана за редовна директорка, нема уште долго да биде на таа позиција. Таа заминува на посериозна и потешка функција, односно ќе биде нова министерка за труд и социјална политика, на местото на досегашната министерка Јагода Шахпаска. Тоа значи дека Владата ќе мора да назначи нов в.д, директор, а потоа и преку оглас да бара редовен прв човек на овој многу значаен државен инспекторт.  

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО