СЕ БАРА ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОР ПОВЕЌЕ, СЕ ПОПОЛНУВААТ МЕСТА И ВО СКОПЈЕ И ВО ГРАДОВИТЕ - еве колкави плати ќе земаат луѓето што ќе не „штитат“ од трговците
Објавено во: Економија 13 Декември, 2023
Се засилува кадровски Пазарниот инспекторат. На веб страната на Агенцијата за администрација деновиве осамнаа огласи за прием на дваесетина државни службеници, меѓу кои дел инспектори, а дел соработници. Дали станува збор за потреба од нови луѓе поради заминување или пензионирање на досега вработените, или, пак, за примање на веќе ангажирани лица со договори за дело, за кои процедурата за вработување би требало да се заврши пред изборите, засега не е познато.
Она што е извесно е дека платите не се премногу високи, како и дека државната администрација станува се помалку атрактивна за вработување на млади и амбициозни луѓе, кои, пак, се повеќе предизвикот го бараат во некоја од странските држави.
Инаку, Државниот пазарен инспекторат е институција која ги штити правата на граѓаните во трговијата, а која во последниот период беше особено актуелна по контролите на тоа дали трговците ги почитуваат замрзнатите цени од Владата, мерка преземена за заштита од инфлацијата, а сега и на гарантираните цени.
На првиот оглас се примаат девет државни службеници. Првиот е соработник за водење евиденција на движните и недвижните ствари во државна сопственост, кој треба да има Економски или Правен факултет, искуство од најмалку една година во струката, а треба да има и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија, односноп англиски, француски или германски. Неговата плата ќе биде околу 29 илјади денари, а по етничка припадност треба да биде Македоинец.
Ќе се прима и помлад инспектор во Скопје, кој треба да има слично образование и потребни услови за вработување, не мора да има искуство, а неговата плата ќе биде близу 35 илјади денари.
За Битола, пак, заедно со Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар, ќе се примат тројца помлади инспектори, истѕо така со високо образование од областа прави или економски науки, или машинство, како и јавна администрација. Нивната плата исто ќе биде околу 35 илјади денари, а по правичната застапеност треба да се Македонци. Уште еден нивни колега ќе биде за Гостивар со градовите Кичево и Македонски Брод и ќе ја зема истата плата, по националност да биде Македонец. На огласот се бара и помлад инспектор за безбедност на производи за истите градови, кој ќе зема иста плата.
Во Гостивар им недостига и помлад референт за административни работи, кој може да биде и со средно образование. Неговата плата ќе биде нешто над 22 илјади денари, се вели во огласот.
Се бара и помлад инспектор за Охрид, за иста плата како и неговите колеги, околу 35 илјади денари, а и тој треба да биде Македонец.
Во вториот оглас, пак, со кој се бара вработување на пет државни службеници, а првиот е помлад соработник за остварување на правата за слободен пристап до информации од јавен карактер. Неговата плата ќе биде нецели 27 илјади денари, а треба да биде Македонец или Македонка. Наредна позиција е за помлад соработник за административни работи во Скопје, исто со правен или економски факултет, кој ќе добива месечни пимања од 27 илјади денари, исто Македонец по националност. Истата плата ќе ја земаат и двајцата самостојни референти – пазарни извршителиво Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, кои исто така треба да бидат Македонци.
И во понатамошните огласи се бараат главно помлади инспектори и главно со плати до 35 илјади денари, а помалку пониски профили на соработници, за кои се предвидени пониски плати.
Забележливо е што по националност главно се бараат Македонци, веројатно за да се запази процентот, и бидејќи вертојатно биле вработени граѓани од другите етнички застапености.
Повеќе детали на следниов линк.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.