Се бара записник за приговор доставен од СДСМ
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2016 18:43
Државната изборна комисија(ДИК) започна да постапува по приговорите на СДСМ, при што се задржа на оној кој се однесува на избирачко место број 2.011 во ИЕ6.
Според приговорот на СДСМ, на почетокот на гласањето недостасувало гласачко ливче, кое на крајот при пребројувањето на гласовите, е најдено во избирачката кутија.
Избирачкиот одбор не требало да почне со процесот на гласањето поради недостиг на изборен материјал. Иако забелешката дека недостасува ливче, од членовите на избирачкиот одбор е во записникот, гласањето сепак било спроведено до крај.
Силвана Бонева, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ смета дека тука нема ништо спорно, затоа што ливчето, на крај е пронајдено во кутијата.
Членот на ДИК од СДСМ, Игор Милев, вели дека приговорот за ова избирачко место е основан.
Членовите на ДИК побараа да се види записникот број 15 за да се утврди фактичката состојба.
БЕСА реагираше дека со отфрлањето на нивните приговори, ВМРО-ДПМНЕ доби пратеник во ИЕ2.
За приговорите на БЕСА и СДСМ се дискутира од 11 часот денеска.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




