Се бира најдобро украсен двор во Скопје
Објавено во: Мои пари 14 Декември, 2012 13:31
Започна пријавувањето за учество на традиционалната манифестација „Новогодишните бои на Скопје“, соопштуваат од Градот. Годинава, традиционално ќе се избира најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа, тераса од стан, угостителски објект и средно училиште.
Сите заинтересираните граѓани и правни субјекти што сакаат да учествуваат во Манифестацијата треба да се пријават во градот, најдоцна до 23 декември.
Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија којашто ќе биде составена од претставници на медиумите. За оваа година, градот Скопје обезбеди награди од по 10 000 денари, што ќе им бидат доделени на победниците, фирмата за увоз и продажба на моторни масла и филтери „Фас Вас“ ДООЕЛ од Скопје на првите тројца ќе им додели ваучери во вредност од 2.000 денари, а ЕВН Македонија еднократно ќе ги ослободи победниците во сите категории, од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2012 година.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





