Се ближи Велигден, АХВ ќе ги контролира јајцата и боите за јајца
Објавено во: Агробизнис 07 Април, 2016 13:03
Се ближи големиот христијански празник Велигден, а од Агенцијата за храна и ветеринарство апелираат до граѓаните да купуваат јајца и боја за јајца од регистрирани производители и увозници, соодветно означени.
Инспекциските служби на Агенцијата вршат контроли и кај домашните производители на бои за јајца, за исполнување на општите и посебните услови за безбедност на боите за јајца, односно дали истите претставуваат опасност по здравјето на луѓето и не влијаат на нутритивниот квалитет на храната.
„Агенцијата за храна и ветeринарство, спроведува засили инспекциски контроли во производството, увозот, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца и на боите за јајца. Се проверува потеклото на јајцата, односно дали истите потекнуваат од одобрени фарми или собирни центри, дали се обележани, се контролира рокот на употреба, начинот на транспорт и на чување на овој прехранбен производ“- велат од АХВ за Фактор.
Ако граѓаните се соочат со вакви проблеми, со бои и јајца кои имаат сомнителен квалитет, можат да пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





