СЕ БРОЈАТ ШТЕТИ: Угинат добиток, уништени плантажи со домати, краставици, пченица…
Објавено во: Агробизнис 05 Февруари, 2015 08:06
Засега нема точни податоци колку површините со жита се уништени од поплавите, но се очекува намалено производство, поради што во прашање ќе доведе покривањето на домашните потреби за пченица, кои најверојатно ќе треба да се надополнат од увоз. Упатените во мелничарската индустрија велат дека проблемот е што и земјите од регионот поради неповолните временски прилики очекуваат намалено производство, што ќе доведе до зголемување на цената на увозната пченица. Евентуалниот пораст на цената на увозната пченица, крајно ќе значи и нови повисоки цени на брашното и лебот, укажуваат мелничарите.
Поплавите ќе го поскапат зеленчукот
Во струмичкиот регион поплавите го уништија пролетниот расад за зелка, краставици и домати. Земјоделците велат дека расадот веќе бил подготвен за садење во поплавите се уништиле, поради што пролетнта седиба ќе задоцни, што ќе значи пролонгирање на производството и пласманот на пазарите, и повисоки цени на зеленчукот.
Не само што ќе задоцни пролетната седиба туку и трошоците ќе се зголемат. Среќа што не е цел струмички регион зафатен од поплавите, но таму каде што имаше невреме штетите се огромни. Целиот пролетен расад за зелка, домати, краставици е уништен. Една семка за домати чини од 4 до 7 денари, за крставици и до 25 денари, тоа се големи трошоци. Нивите се под вода, пластеници уништени, тешко може да се влезе во нивите, и на нив тешко дека ќе може да се засади друга култура. Очекуваме намалено производство, што ќе значи и зголемени цени на зеленчукот на зелените пазари. Најверојатно ќе има и недостиг оти и регинот се соочува со истите проблеми. Ако временските услови беа добри, раната зелка ќе требаше да излезе на пазарите кон крај на март, доматите кон средината мај, а краставиците кон средината на април. Но сега целото ова производство ќе излезе подоцна, ако може нешто да се спаси. Температурите се ниски, ако лани ги загревавме пластеници до февруари, сега ќе треба до крај на март, а тоа значи и поголеми трошоци. Затоа апелираме што побрзо да се исплатат субвенциите, кои иако требаше законски да се исплатат до крај на декември лани, сеуште не се исплатени, вели Ристо Велков, претседател на Регионалниот Сојуз на земјоделски синдикати.
Поплавите во штипско-кочанскиот регион ги уништија дел од фармите
Во кочанскиот регион голем дел од површините со жито се под вода. Откако ќе се повлече водата ќе се направи проценка дали на тие ниви ќе може повторно да се сади. Земјоделците велат дека целото жито, односно есенската печница и јачмен се уништени. Во штипско најкритично е во карбинскиот и лакавичкиот регион, кои беа погодени и од претходните поплави.
-Некои ниви практично и не постојат веќе и на овој простор сите фарми што беа се униуштени, поплавени и дел од добитокот е изумрен, што значи последиците се навистина катастрофални. Нивите од лево и од десно на коритото на реката Крива Лакавица веќе не постојат, бидејќи се однесени а во поширокиот дел се поплавени. Што ќе биде не знаеме, од овошатрството и градинарството што беше посадено нема да има ништо, а житариците како ќе бидат треба да почекаме и да видиме.Во карбинскиот регион исто поплавите беа големи но не беа толку разорни како во лакавичкиот регион. Треба да помине одреден период за да се видат последиците, но штетите се огромни.На нивите во лакавичкиот дел тешко дека ќе може повторно нешто да се сади, оти тие ниви таму не посотојат, вели Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијација на земјоделци.
Од Федерацијата на фармери на Македонија порачуваат на земјоделците кое претрпеа штети од поплавите да им се дадат ваучери за набавка на репроматеријали. После повлекувањето на водата задолжително треба да се направат педолошки и агрохемиски анализи за да се види квалитетот на почвата, посочуваат од Федерацијата.
-ФФРМ апелира земјоделците да ги пријават до надлежните институции штетите кои им се направени од страна на невремето.На површините зафатени од поплавите да се направат педолошки и агрохемиски анализи, за да се види составот на почвата, како и да им се дадат соодветни совети на земјоделците за понатамошни активности кои треба да ги преземат за зачувување на квалитетот на почвата, односно почвата да биде во добра производна кондиција. На земјоделците трба да им се дадат ваучери за репроматеријали, зависно од големината на површината и културата и тоа препарати, ѓубрива, гориво за земјоделска механизација, расаден материјал и друго, се наведуваат во соопштението на ФФРМ
Новите дождови дополнително ќе ја влошат состојбата
Од Управата за хидрометеролошки работи најавуваат дождови кон крајот на неделата. Агрометеролозите преудпреуваат дека новите дождови дополнително ќе ја влошат состојбата со земјоделските посеви. Според податоците само на првиот ден од овој месец наврнале околу 140 литри дожд на метар квадратен, количество што во нормални услови е својствено за цел месец а не за само еден ден. Тоа укажува колку е сериозна состојбата на терен. Јазгрозени се есенските култури, додека овие дождови нема лошо да влијаат врз виновата лоза и овошките, велат агрометеролозите. Но сепак е невозможно да се изврши кроењето на овошките и на лозјата бидејќи не може да се влезе во нивите.
-Есенските посеви се најзагрозени, особено Пелагонија, нашата најголема житница.
И во овчеполието има поплавени житни посеви но не во толкава мера. Дождовите нема да предизвикаат проблеми кај овошките и виновата лоза, но нема да може да се изврши закројувањето во планираните рокови бидејќи насадите се со вода и не може да се влезе. Врнежите во овчеполието може да направат друг проблем, да додјде до ерозија на земјиштето, што ќе предизвика штети. Подготовките за пролетната седиба ќе се пролонгираат, особено поради тоа што се очекуваат нови дождови кои ќе бидат пообилни од претходните. Тоа ќе предизвика влошување на состојбата, и покрај тоа што во текот на денешниот ден не се очекуваат врнежи од дожд, но еден ден ништо не може да смени, почвата има премногу влага. Сметам дека проблемот во Пелагонија се случи поради високото ниво на подземни води, и отсуството на акумулација која ќе ја собера целата вода, и таму тешко ќе оди сушењето на почвата, вели Ангелко Ангелески, агрометеролог од УХМР.
Штетите од поплавите допрва ќе се проценуваат. Засега не е познато колкави површини се униуште и колку добиток е угинат. Општинските комисии ги собираат податоците од терен, и укажуваат земјоделците да ги пријавуваат штетите.
Различни се ставовите за тоа дали поплавите што и се случија на Македонија лани и годинава се резултат на климатските промени. Дел од експертите велат дека се работи за циклични промени кои доаѓаат на секои 40 години, и посочуваат дека во сите истражувања за климатските промени се посочува дека тие се проследени со суши и високи темепратури, што е спротивно од сегашната состојба во земјава. Според други експерти од оваа област, сите овие случувања се последица на климатските промени, кои не значат конретно сушни временски периоди, туку непредвидливи временски прилики невообичаени за одредени периоди од годината. Со оглед на тоа дека земјоделството е фабрика на отворени, временските услови се клучен фактор за оваа фабрика да функционира. Земјоделството е дел од економијата, така што негативното влијание на елементарните непогоди врз земјоделското производство, лошо влијаат врз вкупната економија.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





