18 Декември, 2025
0.2001

Се чекаат одговори на приговорите: Граѓани останаа без државните пари

Објавено во: Македонија 29 Декември, 2020 09:05

Добивај вести на Viber

Дел од граѓаните кои поднеле приговори за 6.000 денари финансиска помош се уште ги чекаат одговорите од Генералниот секретаријат. За државните пари имаше вкупно 78 илјади приговори и се тврди дека Владата успеала да обработи најголем дел од нив. Сепак многумина реагираат и испраќаат прашања и по социјалните мрежи и по медиумите. Сметаат дека требало да бидат на листата, не добиле пари, но не добиле ниту одговор на приговорите. 

Владиниот портпарол, Душко Арсовски вчера информираше дека Владата успеала да ги обработи сите приговори кои пристигнале.

„Иако Законот не ја обврзува Владата, мора да се каже дека приговорите се обработени во рекорден рок, а стануваше збор за околу 78 000. На сите што поднеле приговор, ќе им се одговори на електронската адреса која ја навеле при поднесувањето на приговорот. Се ажурираат и листите на веб страницата kupuvamdomasno.gov.mk, каде ќе можат да ги проверат истите податоци“, рече Арсовски.

Инаку вчера од Македонската банкарска асоцијација соопштија дека банките успеале да пуштат пари на околу 90 отсто од примателите на финансиска помош од 6.000 денари. За да ги исплатат останатитите пари инсистираат на законски измени со кои ќе се поместат роковите во кои се дозволува исплата на помошта. Датумот беше 25 декември и истиот стои во Законот за финансиска помош, па од Македонската банкарска асоцијација (МБА) велат дека може да исплатуваат само по измените. 

„После истекот на законски дадените рокови, за да се реализира исплатата на сите граѓани на кои во претходниот законски рок не им беше исплатена финансиската поддршка, потребно е да се  направат измени на Законот за финансиска поддршка со цел постоечките рокови, да се заменат со нови подолги рокови, стои во известувањето од МБА.

Можеби ќе ве интересира

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето