Се дава под закуп државно земјиште до 3 хектари
Објавено во: Агробизнис 01 Април, 2016 19:25
Државата понуди на оглас државно земјиште во пет општини, а приоритет ќе имаат земјоделците кои живеат во близина и одгледуваат едногодишни и повеќегодишни култури.
Станува збор за 1.150 хектари во општините Свети Николе, Велес, Прилеп, Пробиштип и Радовиш. Земјиштето ќе се доделува за период од 15 години до 70 години, а еден земјоделец може да земе до 3 хектари.
Изборот на најповолен понудувач се врши врз основа на највисока понудена годишна закупнина по хектар, а предност ќе имаат мештаните кои живеат во близината на земјиштето.
Понудите се доставуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





