Се даваат под закуп 745 хектари земјоделско земјиште
Објавено во: Агробизнис 11 Јануари, 2013 10:02
За одгледување на житни, фуражни и индустриски култури, на поединец – плодоуживател може да му се доделат најмногу 4 хектари во систем за наводнување, а за здружени двајца плодоуживатели до 8 хектари државно земјоделско земјиште кое е во систем за наводнување. За производство на градинарски култури, поединец плодоуживател може да добие најмногу 0,6 хектари државно земјоделско земјиште кое е во систем за наводнување, а здружени двајца плодоуживатели максимум 1,2 хектари во систем за наводнување.
Образецот за учество на јавниот повик (барање), може да се подигне во подрачните единици на Министерството за земјоделство и со сите потребни податоци и документи да се достави до Министреството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Скопје во рок од 30 дена од објавувањето на повикот во дневниот печат.За дополнителни информации граѓаните може да се обратат до Министерството за земјоделство на телефонот 02 313 44 77 или да ги посетат веб страните на министерствата за земјоделство и за труд и социјална политика www.mzsv.gov.mk и www.mtsp.gov.mk.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





