Се даваат субвенции за млади земјоделци и за маркетинг
Објавено во: Агробизнис
16 Ноември, 2012
Добивај вести на Viber
Земјоделците од понеделник ќе имаат можност да конкурираат за субвенциите за Програмата за рурален развој и Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2012 година.
Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството соопштуваат дека јавниот повик за аплицирање за субвенции од овие програми се однесува на следните мерки:
Мерка 1 за зголемување на конкурентноста на земјоделството
- Помош за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност, со максимална вредност на прифатлици трошоци по корисник во износ од 600 илјади денари.
Мерки 11, помош за маркетинг на земјоделски производи
- Помош за направени трошоци за маркетинг и амбалажа за реализиран извоз на флаширано вино со потекло од Република Македонија, а средствата се предвидени за винарскиот сектор за реализиран извоз во 2012 година на флаширано вино со потекло од Република Македонија.
- Помош за направени трошоци за маркетинг и амбалажа за реализиран извоз на преработен зеленчук во стаклена амбалажа со потекло од Република Македонија. Помошта е наменета за преработка на зеленчук извезен во стаклена амбалажа и со потекло од Република Македонија во 2012 година .
Мерката за маркетинг на флаширано вино, предвидува покривање на 20% од вкупната вредност на направени трошоци за маркетинг и амбалажа, односно, стаклена флаша, тапа од плута, ПВЦ капсула, но не повеќе од 6 денари по извезена флаша вино.
Со мерката за маркетинг на зеленчук предвидено е покривање на 20% од вкупната вредност на направени трошоци за маректинг и амбалажа, но не повеќе од 2 денари по килограм извезен преработен зеленчук а за извезените количини во споредба со 2011 година помошта изнесува не повеќе од 4 денари по килограм извезен преработен зеленчук од Македонија во 2012 година.
Право за аплицирање за мерката 1 имаат оние кои имаат регистрирано земјоделско стопанство. За мерката за маркетинг на вино можат да аплицираат сите правни лица регистрирани во Регистарот на производители на вино и вршат извоз на вино, а за помош на маркетинг на зеленчук правните лица кои се регистрирани во Регистарот на оператори со храна и објектите од неживотинско потекло согласно Законот за безбедност на храна.
Рокот за конкурирање за мерка 1 е до 17-ти следниот месец, а за мерката 11 до 30-ти овој месец.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.