Добивај вести на Viber
Утре ќе бидат отворени понудите доставени на Огласот за доделување лиценца за вршење здравствена дејност - дијализа, со вклучени специјалистичко - консултативни прегледи во мрежата на здравствени установи.
Јавниот повик го распиша Министерството за здравство и се однесува на четири реони во земјава. Во првиот реон, кој ги опфаќа Крива Паланка, Куманово, Делчево. Кочани, Гевгелија, Струмица и Штип, ќе се доделат седум лиценци. Во вториот реон ќе се доделат 5 лиценци за Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Кичево.
И во третиот реон ќе се доделат 5 лиценци за Прилеп, Битола, Велес, Кавадарци и Охрид, додека во четвртиот реон, во Скопско, ќе се додели една лиценца за обезбедување нов центар за дијализа во рок од 8 месеци од потпишување на договорот.
Лиценцата за вршење здравствена дејност дијализа се доделува за период од 20 години од денот на склучување на договорот.
Единствен критериум за доделување на договорот е највисоко понудената вкупна цена за месечен надомест за сите лиценци за вршење здравствена дејност - дијализа.