Добивај вести на Viber
Стратегиските маркетинг планови за извоз на свежо и преработено овошје и зеленчук се донесоа од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, АгБиз програмата на УСАИД и Владина холандска агенција ЦБИ во соработка со компанијата „Македонија Експорт“. Крајната цел е зголемување на извозот на земјоделските производи на странските пазари, односно зголемување на учеството на традиционалните, освојување на нови пазари како и нивна поголема конкурентност. Заклучоците од овие маркетинг планови треба да бидат интегрирани во годишната програма за работа на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија во делот на поддршка на промоција на извозот.
Србија, Словенија, Германија, Русија, Канада се дефинирани како главни пазари за извоз на преработено овошје и зеленчук, а за извоз на свежо овошје и зеленчук пак се одредени пазарите Србија, БиХ,Чешка, Русија и Бугрија.
Министерот за економија Ваљон Сараќини истакна дека зголемувањето на извозниот потенцијал е неопходен поради малата економија.
-Меѓународните пазари се поконкурентни и пософистицирани, па оттука и потребата за помош на извоз на македонски земјоделски производи.Потребни се инвестции во производството на овошјето и зеленчукот, па така и дизајнирањето на глобална маркетинг стратегија е повеќе од потребна. Потребна е хоризонтална и вертикална координација на засегнатите страни за поголема оптимизација на ресурсите и максимален ефект од извозот,“ изјави Сараќини.
Петар Лазаров од „Македонија експорт“, партнер на проектот се надева дека овие две стратегии нема да завршат во фиока.
-Како заклучоци кои се донесени се: зголемување на квалитетот на производството, вертикална и хоризонтална интеграција, подобрување на трговската регулатива, стратешки пристап, едукација, маркетинг,продажба и извозна стратегија,“ изјави Лазаров.
Во текот на 2012 и почетокот на 2013 овие институции спроведоа шест рботилници за развој на маректинг планови за извоз на свежо овошје и зеленчук и преработка од овошје и зеленчук. Беа вклучени сите засегнати страни, па оттука се значајни и препораките кои се вметаните во стратегиите.
Земјоделскиот сектор учествува со 12 отсто во БДП, а една петина од работната сила во земјата работи во земјоделието. Од вкупниот генерираниот ивоз, 10 отсто отпаѓаат на земјоделието.Извозот на земјоделски производи во 2007 година изнесуваше 29,6 илјади тони, а во 2013 тој 40,5 илјади тони. Во вредност пак, во 2007 година 26,6 милиони евра а во 2013 година е поголема за 20 милиони односно 46,1 милион евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: