Добивај вести на Viber
Сопствениците на домашни миленичиња од идниот месец ќе мора да им стават специјални чипови, бидејќи стапува во сила правилникот на Агенцијата за храна и ветеринарство односно евиденцијата за поодговорно сопственишто. Според најавите чипот кој чини 800 денари ќе содржи информации за вакцините кои ги примило животното, но и за тоа кој е негов сопственик.
Казната за неевидентирано животно е од 80 евра за физички до 1.000 евра за правни лица. Крајниот рок за ставање на трајниот чип е крајот на оваа година.