Се фалсификуваат регистарските таблички на автомобилите во Франција
Објавено во: Свет 04 Март, 2013 11:30
При издавањето регистарските таблички за автомобилите во Франција постојат пропости,ова успеа да го докаже Автомобилскиот магазин „Авто плус“.
Според експериментот на весникот, се покажува дека денес е многу лесно да се добие регистерска табличка за автомобил без притоа да се даде доказ дека навистина тој што ја бара табличката го поседува соодветниот автомобил со сооодветниот регистарски број.
Имено скоро три четвртини од интернет сајтовите кои нудат изработка на регистерска табличка не бараат да се испрати доказ од сообраќајната дозвола за автомобилот пред да ја изработи табличката.
Редовно во Франција има случаи кога возачи добиваат казни за сообраќајни прекршоци направени во места на кои никогаш не биле. Последниот случај е кога еден трактор од истокот на Франција, доби казна за погрешни паркирање во западна Франција. Весникот „Авто плус“, за да докаже дека навистина е лесно да се добие фалсификувана регистерска табличка, успеа да нарача и да ја добие регистерската табличка на Цитроенот ДС5 на францускиот претседател Франсоа Холанд
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




