29 Септември, 2024
0.0254

Се гаси ли пожар со бензин? ЕУ на Украина ѝ праќа тенкови, а на Русија плаќа 140 милијарди евра!

Објавено во: Економија 06 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Официјалните податоци на независен тинк-тенк центар докажуваат дека Европската унија е убедливо најголем финансиер на руската агресија во Украина. Во 371 ден од почетокот на отворената руска агресија врз украински територии ЕУ плати речиси 140 милијарди евра за набавка на руска сурова нафта, природен гас и јаглен. Истовремено на Украина без престан и праќаат тенкови, друго тешко и лесно оружје и муниција

Европската Унија е најголем спонзор на руската агресија врз Украина! Колку и да звучи неверојатно, лудо, поразително и лицемерно – тоа е голата вистина. Сите држави на ЕУ од почеток на руската агресија врз Украина (24 февруари 2022 година) до 2 март 2023 година на набавка на сурова нафта, природен гас и јаглен од Русија платиле 139 милијарди евра!

Ова е официјален и јавно достапен податок достапен во базата на податоци на аналитичкиот центар ЦРЕА (CREA) проверлив на следниот линк https://energyandcleanair.org/financing-putins-war/

ЕУ во Украина без престан праќа тенкови друго тешко и лесно наоружување, муниција, воена опрема и воведува шест или седум пакети санкции на Русија, прогласувајќи ја за агресор врз украинскиот суверенитет. Истовремено за набавка на гас, сурова нафта и јаглен од истиот тој агресор плаќа речиси 140 милијарди евра. Поточно, просечно дневно во овој период ЕУ на Русија и плаќа 365 милиони евра за набавка на енергенси од фосилни горива.

Во овој период на отворено непријателство меѓу ЕУ и Русија, сојузот на европски држави не само што е најголем трговски партнер на Русија туку е и двојно поголем плаќач на руски енергенси од Кина (најголемата светска економија).

Еве ја ранг листата на држави членки на ЕУ кои ја финансираат руската агресија

Р.Ф.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија