Се готви ребаланс: Платите на администрацијата врел костен
Објавено во: Економија 11 Мај, 2020
Пад на макеоднскиот БДП од пет проценти годинава, намалување на трошоците за живот односно дефлација од еден процент и раст на невработеноста до 21 отсто годинава предвидува Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Во најновите проекции, Институтот има пооптимистички прогнози за Македонија во однос на некои други земји од регионот, но сепак ова е најпесимистичката проекција за земјава од сите досега. Меѓународниот монтарен фонд, Светска банка, Европската комисија, па и Владата и Народната банка имаат прогнози за нешто послаб пад на БДП годинава.
Во основното сценарио Миниситерството за финансии предвиде пад на БДП со стапка од 3,4 проценти годинава.
„Ефектите од корона кризата врз економијата, согласно основното
сценарио, се очекува да бидат најголеми во вториот квартал од годината. Во третиот
квартал се предвидува забавување на контракцијата на економската активност, додека во
четвртиот квартал се очекува постепено закрепнување на економијата, стои во ревидираните проекции.
На оваа проекција најверојатно ќе се базира ребалансот на буџетот кој сега се подготвува. Нема детали за тоа што и колку ќе се крати од буџетските ставки. Јасно е дека на прва, Владата со ребалансот може да скрати околу два отсто од актуелниот буџет. Останува можноста да се чепне и во платите на јавниот сектор, но по кои формули не е јасно. За тоа во неколку наврати зборуваше и министеркста за финансии која смета дека јавниот сектор треба да е солидарен со приватниот.
Дел од брифинзите говорат сепак дека тоа е малку веројатно особено пред избори и во време кога има најави дури да се даваат пари за семејствата за пребродување на кризата. Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера рече дека има разговор за трет сет економски мерки, но дека давањето по 10.000 денари на секое семејство е на ниво на шпекулации.
„Досега е само на ниво на дебата и Владата на крајот е таа што конечно ќе ги донесе одлуките и ќе ги соопшти. Јас како претседател на најголемата политичка партија, чинител во извршната власт, сметам дека давам доволно прилог заедно со нашите органи и тела и сите наши коалициски партнери во димензионирање на максимално добри мерки за рестарт или заживување на економијата, односно за да го искористиме периодот дека секоја криза може да биде и нова можност. Дополнително треба и навремено да се димензионираат и почнат да се ефектираат следните пакети на мерки, потенцира Заев.
Александра Томиќ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.