29 Март, 2024
0.0269

ИСПЛАТЛИВ БИЗНИС: Колку може да се заработи од улично продавање на Новогодишни честитки?

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Верувале или не во помалите градови се исплаќа да бидете уличен продавач на новогодишни честитки.

Токму ова го тврди еден продавач од Делчево кој веќе 20 години наназад заработува две плати за дваесет дена продавајќи новогодишни честитки.

„Од новогодишните честики може доста да се заработи. Јас вадам речиси над 500 евра за дваесет дена“, вели продавачот .

Дали се купуваат и кој купува најмногу новогодишни честитки?

„Иако мислите дека не се купуваат, јас ќе ве демантирам. Новогодишните честитки се купуваат доста, барем во нашиот град. Ни доаѓаат и од соседните градови, бидејќи во Берово, Пехчево и Македонска Каменица нема кој да продава честики. Јас излегувам со штандот три недели пред нова година, но најмногу се купуваат една недела пред да ја испратиме старата во минатото а да ја дочекаме новата година“, дополнува продавачот.

На прво место, продавачот ни открива дека општината е таа која што купува најмногу новогодишни честитки.

„Секоја година општината е купувач број еден на новогодишни честитки. Им ги праќаат на вработените, на соседните општини и слично“, вели тој.

Меѓутоа, доста честитки купуваат и бабите и дедовците за своите внучиња, тетките исто така, а купуваат и најмладите.

„Како што ние некогаш си купувавме и си праќавме честики со другарчињата во клупа, така е и денес, барем во нашиот град. Првооделенчиња, основци па и средношколците го практикуваат овој убав обичај“, вели продавачот.

Цените на новогодишните честитки почнуваат од 10 денари па нагоре. Има најразлични и музички што свират, за разлика од некогашните, денешните се модернизирани.

Што е со конкуренцијата?

Конкуренција на уличните продавачи единствено им се поголемите продавници каде може исто така да се купат честитки.

И додека повеќето ќе се согласат дека оваа традиција како да изумира, има такви кои уживаат во пишувањето и праќање на Новогодишни честитки.

„Има многу од нас кои и поракј развојот на технологијата и понатаму со уживање пишуваме и праќаме честитки. Но, дека не има далеку помалку од оние кои праќаат кратки и мали емотивни СМС и ММС честитки, тоа не го спорам. Еве прашајте го мојот син...Никако не можам да го убедам да и се врати на традицијата. Вели, се нема време. Јас велам-време секогаш има! Посебно за вакви работи, кои будат убави емоции. Сетете се и самите возбудувања примаат честики...Исчекувања...“, вели една жителка на овој источен град која продолжила да ја негува традицијата.

Имајќи предвид дека во помалите градови каде има помалку жители може да се заработи доволно за две просечни плати, тогаш во поголемите градови заработката ќе биде поголема, и може да заклучиме дека продавањето на Новогодишни честитки е бизнис кој носи добра заработка за малку дена и малку труд.

Ирена Ставрова

(ФОТО) ТРАДИЦИЈА КОЈА ИЗУМИРА: Како почнавме (и престанавме) да праќаме Новогодишни честитки?

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата