19 Декември, 2025
0.0501

Се извинувам ако некого повредив, но животот мора да продолжи, вели градоначалникот на Кочани

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2025 23:28

Добивај вести на Viber

Се извинувам доколку со мојот потег за музичкиот дел од програмата за Петровден несвесно сум повредил некого, напиша на Фејсбук в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, откако роднините на загинатите јавно го прашаа зошто не присуствува на „Маршот на ангелите“.

„Свесен сум дека постоеја и јавно изразени ставови од некои граѓани дека не треба да присуствувам на „Маршот на ангелите“. За жал, притоа бев навредуван со клетви и погрдни зборови. Иако тоа длабоко ме потресе како човек, не им го земам за зло. Ја разбирам болката што стои зад тие зборови. Кога ќе изгубиш најмил, зборот често станува крик, а тишината товар кој тешко се носи. Како в. д. градоначалник, мојата улога не е само административна, туку и човечка. Да бидам со сите граѓани, да слушам, да разбирам и да дејствувам со одговорност и чувство. Сакам да го сочуваме достоинството на градот, но и да создадеме простор за напредок и развој, особено за младите, за животот што мора да продолжи, со сите негови тешкотии и светлини“, напиша Крстевски.

Тој ги повика заедно, да започнат промена на системот кој со години ја подрива довербата и безбедноста во нашата заедница.

„Ве повикувам заедно, со разум и одговорност, да започнеме промена на системот кој со години ја подрива довербата и безбедноста во нашата заедница. Трагедијата од 16 март не беше несреќа, беше последица на долгогодишна негрижа на државните институции. Уште еднаш, искрено и со почит се извинувам на сите кои се почувствуваа повредени. Останувам отворен за дијалог, со желба и волја да чекориме напред заедно“, вели в.д. градоначалникот на Кочани.

Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните