18 Јули, 2018
0.4378
    ALK 8022.86    0.07%     GRNT 805    -1.97%     KMB 5100.28    0.85%     MPT 43389.66    0.94%     OKTA 4301    -0.83%     RMDEN09 98    2.22%     RMDEN16 95    0%     RMDEN17 95.95    0.05%     STIL 129.42    1.91%     TIKV 157    2.61%     TKVS 4650    0%     TNB 13700    -2.14%     TPLF 1089    9.98%     TTK 992.73    1.11%     UNI 2400    1.95%     ZILU 250    5.49%

СЕ КРЧКА ЗАКОНОТ: Колкави треба да ви се приходите за да плаќате повисок данок?

Објавено во: Анализа 21 Јуни, 2018

Сите граѓани кои во текот на годината имале приход до 720.000 денари (по 60.000 денари месечно во просек) ќе плаќаат персонален данок на доход со стапка од 10 отсто, додека за сите приходи кои се над 720.001 денари данокот ќе биде 18 отсто за делот на доходот над овој износ. Фактор ексклузивно објавува дел од работната верзија на новиот Закон за персонален данок на доход со кој Владата од 2019 година воведува прогресивни стапки на оданочување. Во приходите кои се оданочуваат спаѓаат тие кои граѓаните ги добиваат од заработената месечна плата на работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права и продажба на сопствени земјоделски производи.

Но ова не е единствената новина во законот. Според нашите информации за доходот од интелектуална сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капитални добивки, игри на среќа и осигурување ќе се плаќа данок по стапка која е единствена, односно по 15 отсто.

Исто така се предвидува граѓаните и фирмите да плаќаат данок на каматите кои ги добиле од своите заштеди во банките, ако добивката изнесува над 15.000 денари годишно.

Прогресивното одначување на приходите беше најавено во март годинава, а тоа беше и дел од програмата на сега владеачката партија СДСМ. Министерот Драган Тевдовски тогаш најави дека ќе се оданочуваат со стапка од 18 отсто сите приходи на граѓаните кои заработиле повеќе од 1.000 евра месечно, што сега веќе е преточено и во подготвителната верзија на законот. Другите новини не беа навестени.

Инаку Македонија во моментов има рамен данок односно се плаќа десет отсто на сите приходи кои се остваруваат во текот на годината. Но, во земјва низ историјата имало и прогресивни даночни стапки за „персоналецот“.

Од 1994 до 2001 година имаше прогресија од три стапки. Од 2001 до 2004 година доходот остварен во износ до 360.000 денари се оданочуваше по стапка од 15 отсто, доходот над 360.000 денари со стапка од 18 отсто. Од 2005 до 2006 година оданочувањето на доходот на граѓаните се врши повторно на три нивоа. Доходот до 360.000 денари се оданочува со стапка од 15 отсто, доходот од 360.000 до 720.000 денари со стапка од 18 отсто додека доходот над 720.000 денари по стапка од 24 отсто. Од 1 јануари 2007 година се воведува пресметување на персоналниот данок со пропорционална даночна стапка односно со рамен данок.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Како издржува ПИОМ: Пензиите од јануари до мај зависеле само од месечните позајмици од буџетот

Како издржува ПИОМ: Пензиите од јануари до мај зависеле само од месечните позајмици од буџетот

За што Македонец најчесто „дига“ кредит?

За што Македонец најчесто „дига“ кредит?

Колку пари има во бизнисот со природен гас: Колкава е просечната плата во ГА-МА?

Колку пари има во бизнисот со природен гас: Колкава е просечната плата во ГА-МА?

Што си купи Чифлиганец со 10 милиони евра?

Што си купи Чифлиганец со 10 милиони евра?

Колку чини „Ало“ во РЕК Битола?

Колку чини „Ало“ во РЕК Битола?