Добивај вести на Viber
Од први јануари, 2013-та година целосно ќе биде либерализиран превозот на стока помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Македонско-босанската мешовита комисија за меѓународен патен сообраќај потпиша протокол со кој од Нова Година се укинува квотата на дозволи за трети земји кои досега меѓусебно ја разменуваа двете земји, што значи дека од 1-ви јануари, 2013-та билатералниот, транзитниот и превозот за и од трети земји за превозниците од Македонија и Босна и Херцеговина ќе биде целосно либерален односно без режим на дозволи, стои во соопштението.
Како што појаснуваат од Министерството за транспорт и врски, преку овие активности веќе било овозможено целосно либерализирање на превозот и со Чешка, Словачка, Велика Британија, Швајцарија и Унгарија.