Се носат по полициски станици за двојното мафијашко убиство на „Рузвелтова“
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2018 12:09
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека осомничени за вдојното убиство, во петокот на полноќ на улица „Русвелтова“ среде Скопје, се приведуваат во полициски станици на информативни разговори со можност да се поврзани со двојното убиство кое наликуваше на мафијашка егзекуциј.
„Имавме таков настан во Скопје каде, за жал, две лица го загубија животот. Веднаш после случувањето на настанот, иако беа подготовките за референдумот во тек, се превземаа сите мерки. Беше формирана посебна група и во соработка со надверашниот Јавен обвинител се превзедоа сите мерки. Обезбдени се траги на лице место, извршена е обдукција на телата и се работи на вештачење на целокупниот материјал. Се превземаат низа на мерки, приведени се повеќе лица на информативни разговори, со цел да се утврди точниот мотив за овој настан. Имаме напредок во постапката, но кога ќе дојдеме до конкретни резултати детално ќе инфомираме“, рече Спасовски.
Првата жртва што почина во синоќешната престрелка на „Рузвелтова“ е Наим Ајети, кој е пак брат на познат скопски криминалец Џелал Ајети – Џељо, кој загина изрешетан во својата чајџилница во Сингелиќ пред пет години
Како што информираа од МВР, 44-годишниот Наим Ајети од здобиените повреди од истрели починал на лице место. Во пукањето, кое се одвиваше синоќа на полноќ, почина уште едно лице, додека третиот од „сеат алтеата“ кон која биле насочени истрелите од џипот „лендровер“, е хоспитализиран на КАРИЛ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




